Агелер вели дека ќе има нови имиња на американската „црна листа“

Амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Агелер, денеска најави дека ќе има нови имиња на американска „црна листа“ кои ќе подлежат на санкции.



„ Оваа листа е многу динамична. Секогаш се разгледуваат и се дискутира за нови имиња.

Немам рок кога ќе бидат објавени, бидејќи тоа е одлука на Вашингтон, но можам да ве убедам дека додека зборуваме овде, одреден број на имиња се разгледуваат.Ние во секое време работиме на нови имиња и правовремено ќе ги дознаете, рече денеска Агелер одговарајќи на новинарско прашање пренесе Фактор