Триесетина лица се повредени, кога автомобил влета во толпа луѓе во американскиот град Њу Орлеанс.
Според првичните информации има и десетина мртви, јави Си-Би-Ес.
Инцидентот се случил на улицата Бурбон за време на новогодишната прослава околу 03:15 часот по локално време. Тоа е улица позната по бројните барови и клубови.
Според првите информации загинале 10 лица, додека 30 се повредени.
Улицата е затворена, а сите служби се на терен. Од полицијата засега не соопштуваат ништо за мотивот, ниту дали се работи за тероризам.
Не е познато дали возачот е уапсен.
Владина агенција во Њу Орлеанс, објави на социјалните мрежи дека имало „инцидент со масовни жртви на улицата Канал и Бурбон“ и им порача на оние во близина да ја „напуштат областа“.






