Со овој нов закон владата сака да ги зацврсти австриските вредности и да ја промовира интеграцијата и покрај тоа што во јавноста ретко може да се види целосно покривање.
Сега на жените им е забрането да ги кријат своите лица во јавноста со носење бурка, (каде се покрива целото лице), и никкаба (каде што остануваат отворени само очите).

Кршењето на законот ќе се казнува со парична казна во висина од 150 евра.
Ова ново правило е дел од „пакетот за интеграција“ на политиката што ја започна конзервативниот министер за надворешни работи и интеграција, Себастијан Курц, со обид да победи на парламентарните избори на 15 октомври.
Народна партија на Курц во анкетите води за изборите, а 31 годишен политичар може да стане премиер. Неговата изборна кампања стави силен фокус на намалувањето на имиграцијата и „растечката исламизација“.

Во 2011 година, Франција стана првата европска земја која забрани јавно покривање. Потоа следеа Белгија, Бугарија и швајцарскиот регион Тичино, додека Холандија ги забрани потривање во јавните згради.
Во април оваа година, германскиот парламент се одлучи за ограничена забрана која се однесува само на државните службеници и на војниците на должност.





