Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката партија СДСМ Димитар Ковачевски со која обвини медиуми дека „самите се продале и уште сега се продаваат“ и се ставаат во функција на една политичка партија.
Остра реакција на МАН по скандалозните навреди кон медиумите од Ковачевски
„Политичарите треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и наместо да се служат со непримерна комуникација, треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на еден од клучните столбови на демократијата – медиумите.
Етикетирање на медиуми, особено во чувствителни периоди како предизборните, негативно се одразува на слободата на изразување и го нарушува достоинството на медиумските работници.
Потсетуваме дека е неопходно да се почитуваат стандардите и ги повикуваме политичарите да се воздржат од употреба на јазик со којшто се дискредитираат медиумите“, се вели во реакцијата на АВМУ.






