Српскиот владин авион, во кој се наоѓаше српскиот претседател Александар Вучиќ, слета во Москва, објави порталот „Русија 24“.
Вучиќ замина во најавена посета на Москва, каде што треба да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин, но авионот со кој леташе изврши принудно слетување во Азербејџан поради војната во Украина и дејствијата на борбените средства во воздушниот простор, пренесе Телеграф.
Според информациите, авионот на српскиот претседател не можел да продолжи понатаму кон руска територија поради безбедносни ризици – вклучувајќи ги ефектите од системите за воздушна одбрана и можноста за пресретнување на авионот во зоната на конфликт.





