Авиони на НАТО вежбаа слетување на автопати во Финска и Шведскс (ВИДЕО)

Сојузниците на НАТО одржаа големи воени вежби на автопатите во Финска и Шведска, демонстрирајќи ја способноста за брзо распоредување и дејствување во тешки услови според концепт познат како ACE (Agile Combat Employment), објави „Дифенс Индустри Јуроп“.



Целта на ваквите вежби е да се зголеми флексибилноста и издржливоста на силите во потенцијално загрозените области.

Од 26 до 30 мај, Финска беше домаќин на редовна воздушна вежба во која учествуваа повеќе од 20 сојузнички авиони и околу 2.000 регрути, резервисти и професионални војници. За прв пат, вежбата вклучуваше и операции на дел од автопат..