Авион со 169 патници се запалил пред полетување – нема жртви

Ербас А321 со 169 патници и седумчлен екипаж се запалил на аеродромот во Бусан во Јужна Кореја.



Патниците се евакуирани, но не е јасно колку од нив се повредени, објави Yonhap News.

Летот требало да биде за Хонг Конг, а пожарот започнал од опашката на авионот додека се подготвувал за полетување. Пожарот брзо се проширил на трупот на авионот.

Екипажот и патниците биле безбедно евакуирани.