Министерството за транспорт и врски, на Македонски железници Транспорт АД Скопје вонредно му додели 2,5 милиони евра за исплата на плати и враќање на долговите, надвор од редовното субвенционирање на патничкиот транспорт.
Владина одлука за тоа била донесена на 13 февруари, дознава А1.Он
Ова државно претпријатие постојано е на врвот на листата на должници, а машиновозачите редовно излегуваат на блокади поради неисплатени плати, со целосен прекин на железничкиот сообраќај.
Во МЖ Транспрот до сега се променија неколку директори, но никој не успеа да најде решение.
Според истражување на „А1он“ , во последните пет години, само за нето плати на директори, советници и членови на надзорен одбор, Железници АД Транспорт потрошиле 37.475.280 денари или 610.000 евра.
Ако на ова се додадат и придонесите и додатоците, се доаѓа до сума од милион евра за плати на седум функционери, двајца советници и седум членови на Надзорен одбор, пишува порталот.






