Зузана Чапутува прва жена претседател на Словачка

Познатиот критичар на властаа и активист против корупцијата, Зузана Чапутова, победи на претседателските избори во Словачка, покажуваат првичните д резултати од вториот круг на претседателските избори, соопштува АФП.



Чапутова, која нема речиси никакво политичко искуство, ќе стане првата жена-шеф на државата, откако успеа да го победи кандидатот на владејачката партија Марош Шефчович, инаку актуелен  заменик-претседател на Европската комисија и комесар за енергетика.

Либералната правничка Чапутова доби 58,3  од 98 otsto преброени гласови, наспроти нејзиниот ривал за кој гласале 41,7%.

Кандидатот на владејачката партија 52-годишниот Шефчович ѝ честиташе за победата на вториот кругна  својата соперничка.

„Предлагам букет цвеќе на Сузана Чаптутова. Ѝ честитам за победата на изборите и сакам да биде достоен претседател на Словачка”, рече Шефчович.

Чапутова ќе стапи на должност на 15 јуни, кога ќе истече мандатот на досегашниот шеф на државата Андреј Киска.

Официјалните резултати од вториот круг од претседателските избори ќе бидат соопштени денес на пладне.