Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, му одржа лекција на својот колега и домаќин Стево Пендаровски по љубов кон својата татковина и почит кон земјата-домаќин.
За време на денешната посета на Скопје шефицата на грузиската држава носеше заштитна маска со апликации на државните знамиња на Грузија и на Македонија.
Пендаровски, пак, носеше црна маска без никакви обележја.






