Седницата на која треба да се изгласа реконструккијата на македонската влада доцни веќе речиси еден час затоа што премиерот Заев се консултира со правни експерти за својата функција министер за финансии.
Откако вчера на Твитер профилот @Апсаана откри дека Заев го крши законот за спречување на корупција кој забранува некој да биде во исто време и премиер и министер тој денеска може да ја загуби втората функција.

По огромната штета што ја претрпе од јавноста за обидот за преземање на државната каса и откако вчера на ТВ Сител најави дека сигурно станува министер за финансии Заев денеска во судир со правните експерти на СДСМ.
Според нив ако Заев стане и премиер и министер ќе го прекрши законот кој беше една од причините за добивање на позитивна препорака за преговори.
Меѓу правните експерти кои сметаат дека со изборот за министер Заев ќе го прекрши законот е и една министерка во неговиот владин тим.





