Ниту една изјава или осуда од лидерот на Сдсм Зоран Заев за двојазичните униформи кои денеска беа воведени во МВР иако тој јавно тврдеше дека се работи за противуставен чин.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред три години додека ја претставуваше програмата на идната влада предводена од СДСМ посочи дека нема да има двојазични униформи, забележува инфомакс.мк.
Одговарајќи на новинарски прашања, Заев тогаш рече дека не бегаат од дебата за сите прашања, но дека според експертите кои ги консултирале, воведување двојазичност на банкнотите и на униформите на армијата е противуставно.
Претходно, лидерот на СДСМ рече дека програмата на идната влада ќе се темели исклучиво на Уставот на Република Македонија и во интерес на зачувување на нејзината унитарност.
Денеска нема никаква реакција од Заев и СДСМ за противуставниот чин.
Агим Нухиу, министерот за внатрешни работи, на Фејсбук денес објави дека се потпишани подзаконските акти за воведување на полициски униформи на кои ќе биде испишан и албанскиот јазик на симболите.
„Потпишавме нормативни акти за амблеми на полициските униформи на албански јазик (Сообраќајна полиција, гранична полиција, хеликоптерска полиција, одделенијата за специјални задачи…)!“, напиша Нухиу на Фејсбук.
Видеото каде што Заев зборува за противуставното воведување на двојазично униформи на овој линк






