Лидерот на СДСМ денеска не остави простор дека некој од врвот на владата што ја води има капацитет да го замени на премиерската позиција.
Запрашан од новинарот на ТВ Алфа Матеја Петровски дали размислува за оставка тој неговото евентуално повлекување го поврзува исклучиво со доаѓање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот на Алијанса за Албанците Зиадин Села на чело на владата.
Со својата изјава Заев покажа дека ни на крај памет не му е некој од колегите го владата да биде премиер.
Заев сигурно знае дека во други земји имало честа практика наместо еден претставник на владеачка коалиција поради оставка од морални причини на место премиер да дојде друг политичар на партијата или коалицијата на власт.
Паѓање на премиер не мора да значи и пад на целата влада освен за Заев кој својата лична политичка и морална судбина ја врзува за целата влада.
Со својата изјава Заев индицира дека во СДСМ нема друг човек што може да биде премиер иако се работи за луѓе кои долги години се во политиката.
Освен тоа што тој иако индиректно целосно ги отфрла своите вицепремиери и министри како некадарни да го заменат тој со отфрлањето на можната оставка го отвара и прашањето дали се уште важи договорот со Ахмети за премиер Албанец од ДУИ на крајот на мандатот на оваа влада.
Според денешната изјава на Заев во неговата влада денес нема друг министер вклучително и од Албанците што може да го замени и веднаш на власт би дошле Мицкоски и Села.
Ако во последниот период од владеењето на коалицијата СДСМ-ДУИ може премиер да биде Груби или Османи тогаш министрите од ДУИ и сега можат да бидат премиери ако Заев чувствува морални причини да замине од премиерската позиција.
Одговорот на Заев освен понижувањето на своите колеги во владата содржи уште една опасна можност, тој да има морални причини за оставка но да ги потиснува само за Мицкоски и Села да не дојдат на власт што укажува на одредени сериозни состојби кај премиерот кои можат да бидат манифестирани со други насилни методи при негов пораз на избори.
Заев: За што да поднесам оставка? Мицкоски и Села никогаш нема да дојдат на власт





