Зошто воена полиција била вчера пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Присуството на возило на воената полиција на АРМ пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ не значи дека војската се приклучила во потрагата на Никола Груевски кој вчера МВР го бараше во “Белата Куќа”.



Се работи за коинциденција која се совпаднала со акцијата на полициските Алфи кои претресуваа членови на опозицијата при влез во зградата.

Воената полиција била пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ затоа што во истиот период вршела транспорт и обезбедување на грчки генерал кој вечерта дошол во посета на АРМ преку скопскиот аеродром и бил сместен во Хотелот Бест Вестерн кој се наоѓа во непосредна близина, дознава expres.mk од армиски извори.

Според македонските закони армијата не смее да биде вклучена во активности против цивилни лица.