Зошто владата ја крие анкетата спроведена во Јули?!

На прашањето дали ќе излезете на референдумот, на ниво на Македонија, само 31% одговориле дека ќе гласаат, што е 562.000 од вкупно 1.814.600 запишани гласачи. Мнозинството одговориле дека се за #бојкот, тврди екс министерот и актуелен претседател на комисијата за надворешна политика на Собранието кој прашува зошто владата ги крие овие резултати.



“Во Битола, на општинско ниво, само 22% од испитаниците рекле дека ќе излезат на референдумот (18.000 од вкупно 83.000 запишани гласачи)”, вели Милошоски кој во неколку наврати беше избран за пратеник од битолскиот регион.