Зошто владата ги крие новите амбасадори

Меѓу новите номинации за амбасадори на Македонија се наоѓа и вработената во МНР Билјана Стефановска – Сековска.



Нејзиниот скандалозен избор е една од причините зошто владата молчи за новите 5 номинации за амбасадори.

Стефановска – Сековска меѓу дипломатите е позната како претседател на Самостојниот синдикат на дипломатските работници која од оваа позиција официјално повикувал да се гласа за поддршка на референдумот за промена на името а постојано била присутна и на партиски митинзи на избори.

Меилот која таа го пратила до членството на синдикатот пред референдумот се уште циркулира на интернет.

Била учесник во Шарената револуција а во МНР била член на комисијата која ги казни и избрка тројца дипломати кои биле дел од настаните на 27 април.

И нејзината одлука придонесла државата да плати 200 илјади евра оштета откако дипломатите беа вратени на работа од судот.

Стефановска – Сековска е еден од авторите на законот за надворешни работи кои Димитров и Владата сакаат да го протнат пред да заминат.

На фотографијата во црвена јакна

Кој се другите амбасадори:

Владата упорна да именува амбасадори пред да замине, познати 5 нови имиња