Зошто тајкун на ДУИ евтино му продал луксузна куќа на Таравари пред влезот на Алијанса во Владата

Зошто нафтениот тајкун и пратеник од ДУИ, Исмаил Јахоски, му ја продал својата куќа на лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во Тафталиџе каде комшии му се министри и бизнисмени.



Ова е една од дилемите во истражувањето на Макфакс за купопродажбата на луксузната куќа која е продадена по неверојатно ниска сума пред Алијанса за Албанците да влезе во владата и да ја спаси ДУИ да замине во опозиција.

,,Куќата во скопско Тафталиџе на Арбен Таравари, актуелен градоначалник на Гостивар и лидер на Алијансата за Албанците, по цена далеку пониска од пазарната му ја продал пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски, кој пет мандати беше градоначалник на Пласница и чие семејство е сопственик на „Пуцко петрол“. „Макфакс“ дојде до официјалниот документ, кој покажува дека последниот сопственик на куќата во Тафталиџе пред Таравари да ја купи бил пратеникот Јахоски заедно со сопругата Љупка-Еда Јахоска”, пишува Макфакс.

Целото истражување

https://makfax.com.mk/makedonija/видео-нафтениот-тајкун-и-пратеник-од-д/