Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево се пофали со акција во која е уапсен негов близок и командир на полициска станица и возач на член на кланот Заеви.
Зошто за акцијата се пофали Спасовски кога според информации од истрагата целата операција во соработка со американската агенција за борба со наркотици ја водело обвинителството за организиран Криминал односно Вилма Русковска.
“Во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник.
Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот”, напиша Спасовски кој во Информацијата” заборави” да го спомене уапсениот возач на важен член на кланот Заеви и улогата на ЈООК и обвинителката Русковска.
На една од фотографиите што денеска по апсењето се појави во јавноста се гледа како Спасовски шета со еден од уапсените.
Во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник.
Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот.
— Oliver Spasovski (@o_spasovski) April 9, 2021





