Зошто Шекеринска молчи за неофашизмот на Џамбаски со чиј шеф соработува (ФОТО)

За разлика од министерот за надворешни работи Бујар Османи кој вчера реагираше за неофашистичкиот испад на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски молк од Министерството за одбрана и министерката Радмила Шеќеринска.



Вицепремиерката како одговорна за одбраната има блиски контакти со бугарскиот колега, министер за одбрана Каракачанов кој е најблизок соработник со Џамбаски.

Министерката која последниве години имала десетина средби со партискиот шеф на Џамбаски, Красимир Каракачанов, 24 часа по инцидентот воопшто не реагира за најавата за крај на Македонците од страна на бугарскиот европратеник.

На дел од фотографиите со колегата Каракачанов, Шеќеринска е насмеана а на некои со него дури се поздравува со две раце што во дипломатскиот протокол се смета за покажување и лична почит и пријателство.

Иако знае дека без дозвола од бугарскиот колега антимакедонски материјал не можел да биде воопшто објавен во своите денешни постови на социјалните мрежи Шеќеринска молчи за неофашистичкото видео на партијата на Каракачанов чиј функционер на изборите Џамбаски во Бугарија промовира навредливо видео за Македонија.

Шеќеринска предходно реагирала за изјави на Каракачанов но сега од нејасни причини молчи за видеото на неговиот најблизок соработник кој со негирање на Македонците ја негира и Шеќеринска како Македонка.

Нов бугарски напад врз Македонија со вкус на неофашизам (ВИДЕО)