Зошто секаде не се издаваат фискални сметки?! Инспекцијата го преспа периодов?!

Низ кафулињата и рестораните низ Скопје се пуши и не се издаваат фискални сметки. Двојни аршини или двојни правила. Голем број граѓани преку социјалните мрежи, но и воопшто во меѓусебна комуникација постојано се жалат дека во нашата земја правилата не важат еднакво за сите граѓани, објави Фактор. Голем број граѓани сведочат дека при набавка на разни производи фискални сметки се добиваат само во средини каде доминира македонско или мешано население, но дека во региони како популарно наречената Пластичаркса улица во Скопје, во населбите Чаир и Бутел исто така во Скопје, но и Тетово и Гостивар набавките се прават без фискални сметки, а доколку побарате може да добиете парагон блок.



На оваа тема дебатираа голем број граѓани на социјалните мрежи што не поттикна да прашаме во Управата за јавни приходи како се одвиваат процедурите за контрола на компаниите во нашата земја. Дали има региони каде помалку се котролира, или пак региони каде помалку се почитуваат законските одредби и што преземаат за надминување на чуството меѓу граѓаните дека правилата повеќе се применуваат од одредени региони, односно дека правилата не се применуваат секаде согласно законот.

Од УЈП посочуваат дека законите за нив се исти и бараат примена на истите во сите деловни субјекти кои ги посетуваат

– Управата за јавни приходи континуирано и интензивно спроведува  контроли согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања (ЗРГП) низ целата територија на државата. Пристапот е целосно објективен и неселективен.  Согласно расположливите човечки и материјални  капацитети, се стремиме кон рамномерна територијална опфатеност со посебен фокус токму кон региони и дејности за кои постојат објективни показатели дека се  даночно „недисциплинирани“ без селекција по етничка или било каква друга припадност – укажуваат од Управата.

Од оваа институција за „Фактор“ потенцираат дека потврда за нивната неселективна работа говори и фактот што УЈП  навремено и транспарентно ја известува јавноста преку прес конференции и редовни брифинзи за новинари  за бројот на спроведени контроли, утврдени неправилности, опфатот на даночни обврзници и територијалната застапеност.