Повеќе активисти на социјалната мрежа Твитер објавија фотографии на кои се гледа како непознато лица ги вади регистарските таблички од жолто комбе пред штабот на СДСМ во Прилеп.
Зошто се вадат таблиците од жутото комбе во кое се разнесуваат пакетите на СДС ? pic.twitter.com/gZgSJFK9pS
— Moon Pearl (@roze_______) April 15, 2020
На една од фотографиите се гледа дека до комбето е истоварена хуманитарна помош каква што СДСМ предходно дистрибуираше во Струмица, Крива Паланка и Куманово.
Според друг очевидец на настанот се работи за истовар на компир пред партискиот штаб.
Од СДСМ се уште нема реакција на невообичаената дистрибуција на храна во нивниот локален штаб во Прилеп.
Се појави жолто комбе пред штабот на ездеес во Прилеп,,, само ова полно со компири било,,, ММЕ, шо компир изедов те бе
П. С. Која е фората со таблиците? pic.twitter.com/w3daMf2RPR
— Kuglica (@Kuglica6) April 15, 2020
Зошто возачот на жолтото комбе ги вади табличките останува дилема за јавноста која има повеќе можни одговори:
1. Тој прави нешто што е спротивно на законот и не сака да се види за кое возило се работи иако и од бојата и од моделот многу лесно може да се утврди сопственикот;
2.Возачот се срами што учествува во партиска дистрибуција на хуманитарна помош во услови кога сите граѓани се во криза;
3. Возилото не е регистрирано и не смее да циркулира во соибраќајот;
4. Возилото е патничко и нема дозвола за превоз на стока;
5. Возачот се плаши дека пред штабот на СДСМ некој може да му ги украде регистарските таблички






