„Зошто е дозволено РЕК ‘Битола’ како стратегиски капацитет, врз кој се темели енергетската сигурност на државата, да е толку ранлив? Дали ќе се истражи зошто е дозволено да се дојде во ваква ситуација? Зошто постојано не е подобруван системот во РЕК Битола?“ – прашува во својот осврт весникот „Скопско ехо“.
Весникот пишува: „Македонските потрошувачи од ноќеска воопшто не добиваaт струја од РЕК Битола, откако во најголемата енергетска постројка во Maкедонија се случи хаварија во Блок 1. Според првичните информации, причина за дефектот е пукната цевка на цевководниот систем во овој блок. Пред два дена во РЕК Битола избувна пожар, кој направи сериозни оштетувања на трансформаторот на блок 3. Тогаш официјално беше соопштено дека за производство на струја нема да се користи блок 3, туку ќе се рестартира блок 2. Блок 1 беше единствен капацитет, кој произведуваше струја.“
„Зошто РЕК Битола врз кој се темели енергетската сигурност на државата е толку ранлив? Не се во прашање само големите хаварии, туку и недостатокот на јаглен. Поради ова, Македонија во моментов најголемиот дел од потребите за електрична енергија ги увезува. Цената на струјата на берзата се продава и по повеќе од 200 евра за мегават час. Денеска ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Владата деновиве за 5,5 милиони евра купила 26.000 мегавати струја.‘Ако се употребеа за домашно производство, за тие пари ќе се произведеше 4 пати повеќе струја, или повеќе од 100 илјади мегавати’ – реагира ВМРО-ДПМНЕ.“
Утре комисијата предводена од министерот за економија Крешник Бектеши ќе бара од Владата прогласување кризна состојба. Се најавува дека од декември треба да стартува и ТЕЦ Осломеј. Сценарио се прави и за ТЕЦ Неготино. Пред извесен период во функција е ставена и хидроелетраната Маврово, како и хидроелектраните Црн Дрим, Треска и Тиквеш, гасната електрана Енергетика-Скопје и ветерниот парк Богданци.“
„Добро е што ќе се реагира некако, но едновремено дали ќе се истражи зошто е дозволено да се дојде во ваква ситуација? Зошто постојано не е подобруван системот во РЕК Битола?“






