Пред околу еден месец во скопската населба Ченто владеачката СДСМ отворила голем партиски штаб.
Штабот кој се простира на најмалку стотина метри квадратни е отворен на 14 месеци пред редовните избори на кои инсистира премиерот Ковачевски.
Отворањето на штабот во кој ретко има луѓе дел од граѓаните го поврзуваат со можноста СДСМ сепак да да мора да оди предвремени избори ако партнерите во владата ДУИ или Алијанса проценат дека е подобро да има порано изборно соочување.
Според законот за избори изборните штабови законски можат да се отворат на 30 дена пред датумот на избори.
Зошто СДСМ во Ченто на толку голем период пред избори отвора огромен партиски штаб за кој може да се плаќаат стотици евра кирија месечно засега никому не е јасно.
Претплатете се на Youtube сервисот на expres.mk na @TVexpresMK
Subscribe on @TVexpresMK






