Зошто СДСМ и блиските медиуми се „приземјија“ за бомбите на Милошоски?

Откако вчера медиуми блиски на СДСМ ја пренесоа веста за објавените аудио разговори за Антонио Милошоски од 2011 година денеска и партијата на Заев и нејзините медиуми како по наредба на невидлив центар ја избегнуваат темата што самите ја наметнаа вчера.



Денеска на веб сајтот на СДСМ до 17 часот немаше никаква реакција за аудио бомбите иако партијата објави 5 вести од кои во три оштро се критикува Мицкоски но воопшто не се споменува Милошоски.

Една од причините за кои се зборува и во кругови блиски на СДСМ е признанието на дел од стратезите на Бихачка дека е направена тактичка пропагандна грешка затоа што по 9 години од случувањето и 4 години откако партијата ги добила аудио материјалите за Милошоски сакала да ги искористи за политички поени непосредно пред изборите.

Огромен дел од коментаторите во јавноста веднаш ја нападнаа СДСМ пред се затоа што чекала и иако имала аудио материјали ги чувала за партиска пресметка.

Дел од тие што јавно анализираат не гледаат сериозни индиции дека Милошоски направил кривично дело особено поради фактот што како што се открива во бомбите неговиот татко бил осуден од страна на судијата.

Една од главните причини за молкот на СДСМ по објавените бомби за Милошоски може да се бара и во фактот што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ не се повлече туку веднаш влезе во контронапад и најави дека ќе го отвори Заев како пупка.

Последната можна причина за повлекувањето на СДСМ од „Играта на бомбите“ е критиките добиени од страна на влијателни дипломати во Скопје но и во други светски центри кои можеби испратиле порака дека освен што е нечесно објавување на бомби кои партијата ги има со години е спротивно на законот за јавното обвинителство за кој токму СДСМ толку силно се бореше а го прекрши по само десетина дена.

Повлекувањето на СДСМ од погрешната медиумско-бомбашка војна се разбира дека нема да значи целосен прекин на аудио- судирот кој според сите најави ќе продолжи и тоа со високо токсични материјали во кои ќе се споменуваат највисоките функционери на СДСМ кои како што се шпекулира на социјалните мрежи се фатени како си делат пари на граѓаните или добиени како мито и провизии.

Дека СДСМ се обидува да ја запре битката откако го нападна Милошоски се гледа и од насловната страница на агрегаторот time.mk каде во рубриката Македонија имаше само два наслови поврзани со темата и тоа во врска со изјави дадени од портпарол на ВМРО-ДПМНЕ од каде немаат проблем да дебатираат за бомбите.