Анкета на порталот Фактор спроведена на нивниот сајт најдобро покажува зошто СДСМ има мака да ја добие поддршката од граѓаните за уставни измени и зошто ВМРО-ДПМНЕ не смее да се повлече од своите позиции против промена на уставот со цел влез на Бугарите во него.
Иако е на интернет и нема научно или статистичко значење поради огромниот број на луѓе што гласале анкетата е важен показател на расположението на македонските граѓани.
За анкетата нема податоци во смисла на етничката структура но со оглед на тоа што порталот Фактор покрај Македонци го читаат и Албанци и други припадници на етничките заедници таа може да се анализира како делумно репрезентативен примерок.
Според анкетата дури речиси 70 насто од тие што гласале се против пристапување кон измена на Уставот на РМ согласно предлогот што е поднесен од страна на власта во Собранието?
За промена на уставот се една четвртина од тие што гласале.
Како одговориле граѓаните дали треба да се смени уставот на барање на владата:
Да, секако (25%, 2751 гласови)
Не, никако (69%, 7445 гласови)
Немам мислење, сеедно ми е (3%, 303 гласови)
Не сум размислувал, не сум заинтересиран за таа тема (3%, 317 гласови)
Вкупно на анкетата досега гласале 10816 граѓани што со оглед на масовноста дава одредени сознанија за расположението на македонските граѓани.
Анкетата е поставена по секој од текстовите на Фактор.мк





