Македонија не смеела еднострано да дава изјава во Обединетите Нации дека нема територијални претензии кон Бугарија туку тоа требало да го сторат двете држави одеднаш затоа што сега Македонија нема гаранции дека Софија има територијални претензии кон Скопје анализира Даме Чкатроски.
Пред два дена премиерот Ковачевски објави дека владата усно ги информирала ОН дека двете имиња Република Северна Македонија и Северна Македонија се исто и со тоа ветила дека нема територијални претензии кон Бугарија.
Зошто и Бугарија не го сторила истото за да се откаже од било какви претензии кон Македонијанне е јасно.
,,Било какво писмо за НЕМАЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРЕТЕНЗИИ МОРА ДА Е ДВОСТРАНО
ПРВА ЛЕКЦИЈА ДО НАШАТА ФЕНОМЕНАЛНА ДИПЛОМАТИЈА
Со што тоа Бугарија ве убеди дека таа нема територијални претензии кон нас, а ние имаме кон нив.
Пола светска дипломатија ви се смее
(кој разбра разбра, фазла не е можно ова да го апсолвирам јавно)”, пишува Чкатроски.
Бугарија во 1941 година како дел од фашистичката коалиција со Германија ја окупираше Македонија.





