Зошто јавната обвинителка Вилма Русковска и дала цели два месеци на Катица Јанева да уништува докази, да го загуби телефонот и да влијае на сведоци, без да следи што таа прави, е едно од прашањата кои што поради страв засега само во кулоарите ги поставуваат научната и академската фела.
Ако Русковска знаела дека Јанева преку спикерфон била сведок на рекетот од Боки 13 за Орце Камчев зошто и таа не била ставена под ПИ мерки како што било случај со двајцата уапсени, за да се расчисти нејзината улога, е второто прашање кое јавно го поставуваат само ретки адвокати и професори.
“Гледаме ефтин театар во изведба на Вилма Рускоска, која на 2ри мај отворила постапка со ПИ мерки против Боки и Кическиот [следење на телефони], за по 2 месеци и го одземе телефонот на Катица за вештачење.. Па што не ја стави мори на МЕРКИ и Катица да обезбедиш докази за неа”, е прашањето кое на социјалните мрежи и се поставува од анонимни профили кои имаат квалитетни информации за случајот рекет.
Рускоска засега не одговара на овие прашања.
Гледаме ефтин театар во изведба на Вилма Рускоска, која на 2ри мај отворила постапка со ПИ мерки против Боки и Кическиот [следење на телефони], за по 2 месеци и го одземе телефонот на Катица за вештачење.. Па што не ја стави мори на МЕРКИ и Катица да обезбедиш докази за неа ?
— 🅰️псаана (@aps_aana) July 22, 2019




