Зошто пропаднал договорот за СЈО меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ?

Високи партиски извори во петокот брифираа дека договорот за СЈО меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е при крај но сепак до денеска нема комромис за законот од кој во голема мерка ќе зависи датумот за преговори и иднината на македонските евроинтеграции оваа година.



Медиуми и функционери блиски на СДСМ предходно објавија дека проблемот е во опозицијата но извори во двете најголеми партии денеска тврдат дека проблемот сега во најголема мерка е кај власта која го променила ставот и се повлекла од тоа што било договорено на крајот на минатата недела.

За луѓето блиски на процесот од редовите на власта кои беа уверени дека договорот е завршена работа денеска е нејасно зошто партијата по налог на највисокото раковдство се повлекло од прелиминарниот договор имајќи предвид дека СДСМ е во временски теснец а е соочена и со други сериозни проблеми.

Според изворите на expres.mk на преговорите во петокот претставници на социјалдемократите прифатиле неколку важни точки кои што целосно го одблокирале процесот на решение за СЈО.

Освен за судбината на постапките кои СЈО ги води во моментов во петокот биле договорени голем дел од најважните прашања. Од непознати причини по внатрешни партиски консултации СДСМ од договорот се повлекол уште во неделата.

Според изворите на expres.mk во петокот договор бил постигнат за четири најважни точки:

1. Мандатот на обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска да заврши веднаш, а таа да биде замената со нов обвинител на предлог на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе биде одговорен за организиран криминал и висока корупција. Со тоа СДСМ би го задржал Државниот Јавен обвинител Љубомир Јаневски а опозицијата би добила гаранција дека нема да бидат гонети само нејзините членови.

2. Сите Обвинители од СЈО односно соработници на Катица Јанева (Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска, Лиле Стефановска и другите) да се вратат во матичните обинителства од каде што пред 4 години дојдоа во специјалната институција.

3. Сите истражители кои работеа на истраги на предмети што ги поведе СЈО да се вратат во МВР.

4. Да прекине работниот однос на сите службеници во СЈО кои имаат договор на опредлено време односно сите хонорарни соработници кои ја советуваа Катица Јанева да бидат надвор од правосудниот систем (професорот Светомир Шкариќ, новинарот Сашо Ордановски и дваесетина други меѓу кои и роднини и пријатели на Катица Јанева, обвинители и други јавни и правосудни функционери.

Според изворите во петок по жестока дискусија било договорено за иднината на постапките кои се водат пред СЈО да се разговара на некоја од следните средби меѓу СДСМ и ВМРО -ДПМНЕ.

Со најновиот развој на настаните и повлекувањето на СДСМ од петочниот договор се создава нова ситуација поради која е можно Македонија почетокот на дебатата за датум за преговори да го дочека без новиот услов: нов закон за СЈО.

За десетина дена во германскиот Бундестаг започнува дебатата во комисијата за надворешна политика која што треба да даде зелено светло за датум за преговори за Македонија.

Без договор за СЈО најмалку две влијателни земјчи членки на ЕУ нема да се согласат на почеток на преговори поради што е нејасно зошто во временски цајтнот СДСМ го забавува договорот и се откажува од веќе постигнат комромис за клучните прашања.