Изминаа 72 часа откако според претседателот Пендровски во земјава влегле најмалку 36 руски агенти кои учествувале во антивладините протести и предизвикувале инциденти во корист на Русија.
Ако Пендаровски кој ја контролира Агенцијата за разузнавање, не ја манипулира јавноста за да ги минимизира протестите, тогаш МВР и АНБ намерно не преземаат никакви активности против овие луѓе.
Според Пендровски се работи за најмалку 3 дузини (Дузина = 12) државјани на соседни земји кои иако биле идентификувани слободно влегле, правеле проблеми и најверојатно се вратиле дома а против нив не е преземено ништо од македонските органи.
Со изјавата Пендаровски признава дека во безбедносните служби владее хаос а во исто време претседателот индиректно ги обвинува тајните служби на соседни држави дека дозволиле нивни државјани да ја ,,запалат’ Македонија.
Делот од изјавата на Пендровски на ова тема
Како се покренува Иницијатива за одземање деловна способност на косоварскиов диво избран прецедник?! pic.twitter.com/lzgxHpEyoq
— Шемс🅰️ (@Shem_sedin) July 8, 2022
Целото интервју на Пендровски за тема






