Зошто подготвувањето ајвар и туршија се повеќе станува луксуз во Македонија?!

Подготвувањето ајвар и туршија се повеќе станува луксуз во Македонија, парите стигаат само за основни производи, па така многу граѓани есенва не планираат да ја прават оваа традиција. Цените на зеленчукот остануваат скапи. Народот се жали дека има многу ниски примања и едвај крпи крај со крај, а камоли да размислуваат за зимница.



Но ако се направи една споредба – Колку цените се повисоки во споредба со лани? Граѓаните категоричнно: За 100%. Со 1.000 денари ја поминувавме зимата, сега со 200 евра не можете да врзете крај со крај. Како да се подготвиме, кога дрва не можеме да купиме, 5.000 денари е кубик дрва, 13.000 денари пензија земаме, што да правиме? Струја 5.000 денари, нешто за јадење, не се стига, што да направиш најпрво. Зеленчукот и сами гледате, катастрофа е, се жалат тие.

Поскапеа пиперките, годинава се поскапи. Цените на пиперките ајварки варираат од ден на ден. Моментално еден килограм чини 70 денари.