Зошто одбиваме евтин гас, прашуваат од бугарското Здружение за гас

Пламен Павлов од бугарското здружение за нафта и гас, предупредува дека енергетскиот систем е доведен во неподнослива ситуација по прекинот на руски гас за Бугарија



Тој реагира на најавите дека ќе се формирааа координативен центар за надминување на ситуацијата: „Не знам каков координативен центар ќе се правио… Зошто да не се преговара со Гаспром?“, се прашува Пламен Павлов.

Зошто одбиваме да прифатиме евтин гас?“, коментира тој. Нема економија, има само политика, убеден е Павлов, пренесува Њуз.бг.

Според него, денеска мора да се донесе одлука.

Според него, има компании кои нема да можат да работат доколку им се прекине снабдувањето со гас, а темата енергетика е чисто политичка.

Прекинот на испораката на гас за Бугарија и Полска доаѓа по најавата на рускиот претседател Владимир Путин кој минатиот месец изјави дека „непријателските“ странски купувачи ќе мора да му плаќаат на државниот Гаспром во рубли наместо во други валути.