Зошто обвинителството се уште не го вика Боки 13 на распит?

Цели 50 дена притворениот Бојан Јовановски алијас Боки 13 не дал исказ за случајот Рекет а неколку други сведоци веќе по втор пат даваа исказ пред обвинителството.



Трендсетерот и бизнисменот Бојан Јовановски – Боки 13 беше уапсен на граничниот премин „Богородица“ на 15 јули во истрага на обвинителството за организиран криминал и корупција.

Од тогаш цели 50 дена тој не е повикан да даде исказ пред обвинител а единствено образложение од обвинителката Русковска е дека тоа ќе се случи кога таа ќе одлучи за давање исказ.

Извори од правосудни и истражни органи упатени во случајот Рекет тврдат дека планот на власта во координација со правосудни инстанци е да не се земе исказ од Боки 13 се додека не се направи шемата за одбрана врз основа на исказите добиени од досега повиканите сведоци.

Планот кој е компилација од повеќе други слични случаи во светот треба да ја лимитира вината на сите останати инволвирани политички фигури а целата вина да ја преземат Боки 13, Катица Јанева и Зоки Кичевски кои за возврат би добиле помали затворски казни и специјален третман.

На нив тројца според повеќе извори веќе им е пренесено дека треба да ја лимитираат вината само на нив затоа што ако случајот се прошири со обвиненија и за политичари од власта, владата ќе падне или ќе ги загуби изборите по што тие ќе ги загубат сите бенефиции а ќе добијат и далеку поголеми казни ако дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт.

Според планот Боки 13 треба да даде исказ откако предходно ќе се изанализираат сите други искази и ќе се најдат слабите точки на одбраната.

Откако ќе биде брифиран трендсетерот во својот исказ ќе може максимално да ги “покрие” неодбранливите точки во случајот.

Засега нема потврда дека Боки 13 и Катица Јанева се согласиле на вакво сценарио. Проблем за нив и за иницијаторите на сценариото е што власта и правосудството не знае уште какви се документи и материјали поврзани со случајот можат да бидат откриени пред јавноста.

Боки 13, кој се претставува како сопственик на телевизијата „1ТВ“, беше уапсен со бизнисменот Зоран Милевски – Кичеец.

Новинарот Бранко Героски предходно објави серија текстови со измислени ликови за наводен рекет на медиумски газда врз бизнисмени и политичари по што самиот Боки 13 во интервју на телевизијата „1ТВ“ кажа дека тој се препознал во текстовите на Героски.

Во интервјуто тој се закани дека негово гонење може да ја отвори пандорината кутија односно дека може да објави информации штетни за власта.

Слична порака објави и Катица Јанева која по апсењето на Боки 13 најави отварање на нови 10 предмети во кои ќе бидат таргетирани и функционери од власта.