Зошто обезбедувањето на министерот за транспорт стои среде улица додека Бочварски држи прес конференција (ВИДЕО)

Обезбедувањето на министерот за транспорт денеска од непознати причини стоеше среде улица додека министерот Благој Бочварски држеше прес конференција и зборуваше за проектите на владата.



Поради обезбедувањето на министерот чиј припадник стои на едниот коловоз од патот пред кој Бочварски зборува за медиумите сообраќајот на оваа делница се одвиваше крајно конфузно односно од двете страни на патот возилата се движеа само од десната лента.

На видеото не се гледа дека најверојатно полицијата го регулира сообраќајот но нејасно е зошто обезбедувањето воопшто се наоѓа на патот и го нарушува сообраќајот.

Дали можеби службите за безбедност имаат сознанија дека се очекува напад врз Бочварски од возило во движење или се работи за непотребна драма за пропагандни потреби е прашање на кое треба да одговорат владата, МВР и министерството за транспорт.

Во секој случај прекин на лента од фреквентен пат додека зборува министер е невообичаена и за министерот срамна ситуација.

Во најмала рака Бочварски требало да се помести неколку метри подалеку од патот и граѓаните немаше да се мачат да возат во една лента.

Од линкот на видеото на МИА јасно се гледа целата ситуација

https://fb.watch/or2fVE5u5C/