Никој не ги гони македонските агенти од АНБ кои шпионирале ЕУ членки за странска служба

СЛУЧАЈ: ОПЕРАТИВЦИ НА УБК ОД 2017 ДО 2019 ВРШЕЛЕ ШПИОНАЖА ВО СТРАНСТВО ВО КОРИСТ НА СТРАНСКА РАЗУЗНАВАЧКА СЛУЖБА



Според достапните јавни податоци, од 2017 до 2019 година, УБК незаконски одобрила и водела тајна разузнавачка операција за собирање на податоци со употреба на комбе марка МАН со скопски регистарски табли во кое било инсталирана софистицирана опрема за прислушкување на таргет локации во земји членки на НАТО и Европа во корист на трета странска служба.

Незаконската разузнавачка операција во странство е водена во периодот од 2017 до 2019, кога УБК е во состав на МВР раководено од Оливер Спасовски, додека директор на УБК е Горан Николовски, именуван од првата влада на Зоран Заев и Али Ахмети.

Документите одземени на претресот во домот кај Ременски кои беа во доказната постапка во
случајот Меѓународен Сојуз но истите не беа разгледани откриваат дека незаконската операција во странство е планирана, извршена и одобрена од 9 припадници на МВР и УБК со користење на
двојни идентитети кои се извадени спротивно на законските прописи и правилата за заштита на
сведоци.

Притоа еден вработен УБК во кеш од странство купил комбе МАН во износ од 87.500 евра и потоа го регистрирал на својот двоен идентитет каде била подоцна вградена софистицирана
Израелска опрема.

Истиот тој спротивно на правилата во МВР и законските обврски, во време кога го управувал комбето во странство надлежени старешини го воделе на работа во Македонија и му
книжеле работни и прекувремени саати.

Внатрешната контрола во МВР го откри токму тоа при вршење на ветингот во 2019 година кога УБК се трансформираше во АНБ, откривајќи дека дел од припадниците на 5тата управа и оперативци од УБК Охрид иако се воделе на работа во Македонија, 2 години престојувале во странство спротивно на законските прописи и подзаконски акти на МВР и УБК.

Во септември, 2019, Внатрешната
контрола на МВР со допис, сите докази ги испрати до ОЈО за ГОК во специјализираното одделение за гонење на ОСЛ со полициски овластувања.

Моментално во ОЈО има 3 предистраги за истиот случај.

1. Првиот предмет е од јануари 2020 и се однесува на незаконско чување на класифицирани
информации на УБК во домот на Ременски и е во надлежност на Скопско ОЈО.

2. Вториот предмет е од септември 2019 во рацете на Гордана Смаќоска и е против 3ца вработени во МВР / УБК кои ја злоупотребиле службената положба и немале покритие за отсуството од домашните работни задачи.

3. Третиот предмет е од октомври 2022 по доставена пријава од Фросина Ременски против 9 припадници на МВР / УБК, дел пензионирани а дел сега во состав на АНБ кои сториле низа кривични дела, од шпионажа во корист на трета страна до злоупотреба на двојни идентитети.

Од 2019, кога е поднесена пријавата од внатрешната контрола на МВР, непознато е што дејствија презел надлежниот обвинител, Гордана Смаќоска:

Дали го одзела сивото МАН комбе заради вештачење, дали извадила логови од системот за гранични премини за движење на комбето и оперативците со двојни идентитети, дали ги одзела македонските пасоши со двојни идентитети, дали утврдила крајна дестинација и локации кои биле обработувани како и примо – предавањето на пари од странската служба за финансирањето на разузнавачката операција и податоците кои се
собрани со комбето МАН.

Истрагата има на располагање на низа информации кои се веќе објавени за случајот а кој досега никој не ги демантирал:

Времеплов:

• 31.08.2017 – Изјава на МВР, Спасовски: СЈО ги проверува двојните идентитети и на други
оперативци на УБК https://dokazm.mk/spasovski-sjo-gi-proveruva-dvojnite-identiteti-na-
grujevski-i-ushte-nekolku-litsa/

• 26.09.2017 – Изјава на Директор на УБК, Горан Николовски: Ние немаме пракса на двоен
идентитет, веројатно се злоупотребени правилата за заштита на сведоците

Одложено судењето за Грујевски, нема известување дека е во бегство

• 09.10.2019 Претрес кај Ременски во врска со истрагата за Меѓународен сојуз, пронајдени
класифицирани документи од УБК
https://www.facebook.com/1656105411305285/posts/2752667634982385/?d=n

• 15.11.2019 ОБВИНИТЕЛСТВО: При претрес во домот на Ременски се пронајдени доверливи
документи

• https://denesen.mk/obvinitelstvo-pri-pretres-vo-domot-na-remenski-se-pronajdeni-doverlivi-
dokumenti/

• 15.12.2019 Анализа на КОД : 3ца Агенти на УБК со двојни идентитети незаконски работеле
во странство за потреби на странска разузнавачка служба

https://time.mk/c/c77619ba6f/agenti-na-ubk-so-dvojni-identiteti-rabotele-za-stranski-
sluzbi.html

• 22.12.2019, Ременски: Некој барајќи глувче, извади мечка

Ременски: Некој барајќи глувче, извади мечка

• 03.01.2020 Обвинение за помагање за Фросина Ременски https://novatv.mk/obvinenie-za-
remenski-vo-sluchajot-megunaroden-sojuz-pomagala-vo-izmama/

• 24.01.2020 Виктор Димовски: АНБ ги достави до ОЈО сите побарани информации за
доверливите документи пронајдени кај Ременски

https://mia.mk/dimovski-anb-gi-dostavi-do-
o-site-pobarani-informacii-za-doverlivite-dokumneti-prona-deni-ka-remenski/

• 26.12.2022 Фросина Ременски изјавува дека во октомври 2021 поднела кривична пријава
против 9 вработени во МВР и АНБ кои со сребрени комбе во странство вршеле шпионажа во корист на трета страна

https://youtu.be/nFQXPy9X6X0,
https://www.slobodenpecat.mk/en/video-remenski-srebreno-a-ne-zholto-kombe-polno-so-
shpionska-oprema-krstari-i-prislushkuva/

• 04.01.2023 Јавниот обвинител ги проверува наводите во пријавата за шпионажа против 9
припадници на АНБ поднесена од Фросина Ременски

https://www.slobodenpecat.mk/en/javnoto-obvinitelstvo-pochna-da-gi-proveruva-navodite-na-
remenski-za-sluchajot-srebreno-kombe/