Никако да се реши проблемот со бедомните кучиња во главниот град. Дел од граѓаните велат дека со страв минуваат низ одредени маала каде кучињата ги има во поголем број.
– Страшно. Има еден куп, а Градот не прави ништо за проблемот да го реши. Катастрофа, кучиња колку сакаш, институциите не прават ништо за нас граѓаните, па чекаш да прават за кучињата-скитници, се жалат граѓаните.
Иако програмата на Град Скопје за овој проблем предвидуваше долгорочно решение, тоа како да е ставено во втор план, реагираат скопјани.
– Јас можам да ви кажам дека никој ништо не презема. Еве вие како новинари повеќе шетате од мене и гледате и сами што се се случува, сведоци сте на се. Јас велам дека случаи има многу и тврдам дека глутниците спијат во текот на денот, и после пладне па и на вечер, бесните кучиња се пуштаат кон случајни минувачи, велат граѓани.
Од стационарот Лајка за Алфа велат дека проблем има, и дека и тие тешко дека ќе можат конечно да го решат. Повеќе за овој проблем прочитајте на Алфа.мк.






