Зошто некои луѓе не се заразуваат од коронавирус?

Има луѓе кои се инфицираат со вирусот, но Т-клетките на имунолошкиот систем го дезинтегрираат во најраната фаза на болеста. Затоа, ПЦР и тестовите за антитела кај тие луѓе секогаш покажуваат негативен резултат.



Откритието би можело да го отвори патот за нова генерација вакцини насочени кон Т-клетки, кои би можеле да произведат подолготрајниот имунитет, велат научниците.

„Секој прикажува анегдоти за луѓе кои биле изложени на инфекција, но не подлегнале на инфекцијата. Она што не го знаевме е дали тие луѓе навистина успеале да ја избегнат инфекцијата или нивното тело го отстранило вирусот пред да биде откриен од рутински тестови“, вели имунологот Лео Свадлинг од Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Најновата студија ги следеше здравствените работници за знаците на инфекција и нивниот имунолошки одговор за време на првиот бран на пандемијата. И покрај високиот ризик од изложеност, 58 учесници никогаш не биле позитивни на Ковид 19.

Анализата на нивните примероци крв покажа дека тие имаат поголем број на Т-клетки кои реагираат на Ковид,.

Истражувањата покажуваат дека голем број луѓе имаат мемориски Т-клетки формирани по претходни инфекции со други сезонски вируси кои предизвикуваат настинки, кои всушност подоцна ги заштитиле од ковид 19.

Овие клетки можат да препознаат протеини во Ковид 19 кои се вообичаени за сезонските вируси, па затоа обезбедуваат заштита.