Зошто молчиме додека ни се случува катастрофа – пишува Горан Момироски (ФОТО+ВИДЕО)

Илјадници луѓе и деца видишуваат отровни и канцерогени елементи од пожарот што постојано гори на депонијата во Ресен.



Иако граѓаните со месеци предупредуваат пожарот веќе 3 месеци кон Ресен и Ресенчани носи супстанци од кои може и да се умре.

“Веќе 36 ден како ГОРИ ДЕПОНИЈАТА која е на 3 км воздушно од центарот на градот)
Како доктор и долгогодишен претседател на ЕД,, Здравец” Ве предупредувам и Ви кажувам кои отровни супстанци секојдневно ги вдишуваме:
(СИТЕ СЕ КАНЦЕРОГЕНИ)
-Сулфур диоксид
-Азотни оксиди
-Хлор
-Амонијак
-Водород флуорид
Јаглерод диоксид
-Честички (PM10, PM2.5, PM1)
-Саѓи
-Водород цијанид
-Фозген
-Формалдехид
-Винил хлорид
-Бензопирен
-Тетраетилно олово
Озон
-Тешки метали суспендирани во тврди честички.
РЕШЕНИЕ: ПОЛА ЦИСТЕРНА ДЕНЕСКА И ПОЛА УТРЕ- НЕМА ЧАД, НЕМА ТРУЕЊЕ, НЕМА ОБЈАВИ, НЕМА НЕГАТИВНИ КОМЕНТАРИ, ама нас ќе не има!
2.Ако некој не сака да постапи така, ПРИЈАВА до Републички инспекторат за екологија.
(Во Велес три дена горела депонијата и експресно КАЗНИ, ја изгасиле)
Секое добро, поздрав.
Сликава е од ова утро“, пишува на 6 август докторот Димитар Китановски инаку претседател на еколошкото друштво Здравец.

Доктор Китановски и на 1 август предупредил на опасноста по животите на Ресенчани .

“Ме критикуваат, а и бројот на коментарите зборува за нашата индолентност, ЛУЃЕ, се работи за Вашето здравје, ај шо не трујат со години, ова е 32 ден во континуитет, горењето пластика и незаситените јагленоводороди се најголемата причина за канцер. До коге ќе молчиме“, прашува лекарот без да добие одговор од локалната власт или министерството за екологија.

Загадувањето со канцерогени супстанци продолжува и деновиве.

Локалната власт ги обвинува граѓаните дека се неодговорни, тврди дека го изгаснала огнот и го запрела загадувањето но граѓани велат дека тоа не е точно затоа што чадот што носи болести и смрт се уште го дишат граѓаните.

Ресенчани се жалат дека од чадот во депонијата не може да се дише дека, се чувствува невидена смрдеа и дека како последица десетици луѓе чувствуваат пријо ми со дишењето.

И ниту еден од нив особено оние чии деца секој ден ги дишат канцерогените отрови кои лесно можат да се спречат досега не убил ниту претепал некого од надлежните одговорни за катастрофата.