Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира на „молкот“ и отсустсвото на било каква реакција на властите на вчерашниот асимилаторски говор на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, кој среде Скопје.
„Ангел Џамбаски сред Скопје ја негираше македонската држава и народ, а од МНР и Владата молчат.
За осуда и протесна нота за ваков инцидент не треба да се чека ниту 5 минути, а не цел ден, се вели во партиското соопштение.
„Што чекаат Ковачевски и Османи и од што се плашат? Или можеби се согласуваат со Џамбаски, ако се согласуваат чесно е да кажат.
Со Ковачевски и Османи имаме само негации. Додека тие се фокусирани на тендери, политичари со шовинистички говори го навредуваат народот и државата.
Срамен е молкот од власта.
Владата на СДС и ДУИ е неспособна да ја штити државата, затоа треба што поскоро да си замине. Потребни се промени и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ги брани националните интереси и ќе работи на развој на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.







