Зошто месото исчезнува од македонските трпези?! Граѓаните велат дека е „изгор“ скапо

Месото чезнува од македонските трпези, се жалат граѓаните на „изгор“ поскапите цени, главно на основните продукти, кои ги принудуваат да штедат и на храна. Како што објави Алфа, граѓаните велат дека месо и месни производи јадат најмногу два пати неделно, а дел велат дека врмето кога јаделе месо е поминато, бидејќи тоа станало луксуз и повеќе не можат да си дозволат.



Во најновата пресметка на синдикалната кошница, за да опстои едно четири-члено семејство во јули годинава му биле потребни 48 илјади денари, односно две плати по 24 илјади денари. Па во ситуација каде семејните примања се две минимални плати, за најосновните трошоци на едно семејство би му недостасувале околу 5 илјади денари.

Инаку, во споредба со претходните пресметки, синдикатите бележат постојан раст на трошоците за исхрана и пијалоци. Тоа веројатно се должи на укинувањето на ценовните маржи на основните продукти, како инфлацијата, која иако стана едноцифрена, останува висока.