Зошто Курти го именува како „надворешен советник за односи со * Македонија“ Беким Ќоку, за кого таа е „најидиотска држава“?

Премиерот на Косово Албин Курти денес го именува Беким Ќоку како надворешен политички советник за односи со * Македонија.“ – јави весникот на албански јазик „Лајм“.

„Лајм“ пишува: „Курти му честита на Ќоку на должноста и нановите одговорности, во функција на проширувањето и продлабочувањето на соработката со * Македонија. Беким Ќоку беше порано пратеник во Парламентот на Македонија и политички активист.“

Инаку, засега е нејасна целта зошто косовскиот премиер токму во овој момент именува свој „надворешен советник за односи со * Македонија“ и за какво „проширувањето и продлабочување на соработката со * Македонија“ конкретно станува збор.

Беким Ќоку, кој е поранешен пратеник од редовите на Демократската партија на Мендух Тачи во 2013 година, во одделни свои колумни изнесува етношовинистички квалификации за земјата во која живее. На 22 април 2021 година информативниот портал „Стругалајм“ објави колумна на Ќоку, во чиј наслов е ставен неговиот став: „Нема поидиотска држава од * Македонија“. Истиот портал има објавено колумна на Ќоку со индикативен наслов: „Албанската пролет во *Македонија започнува од Косово“, во која тој изнесува пофалби за Албин Курти и за „неговите заслуги за албанската политика во Македонија“.