На крајот на прес конференцијата на која даде изјава и одговараше на прашања на новинари новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски при добивање на честитки од страна на премиерот Заев ја наведна главата и се поклони пред неговиот претходник.
Дали наведнатата глава е израз на почит кон премиерот, дали е израз на благодарност кон човекот што го промовираше во лидер на СДСМ, дали дали е израз на послушност за во иднина или можеби нешто друго може да открие самиот Ковачевски на некоја следна прес конференција.
Досега во македонската политика немало случај нов лидер на партија да се поклонува пред стариот дури и иако имаше два слични случаи на ,,октроирање” односно наметнување на лидери како сега на Ковачевски од страна на Заев.
Ниту првиот пат кога Црвенковски го промовираше Бучковски ниту вториот пат кога Геуевски беше изборот на Љубчо Георгиевски немаше поклонување пред стариот лидер како што тоа сега го стори Ковачевски.
Овој дел од однесувањето на Ковачевски при крајот на видеото.






