Македонските власти молчат за отворените територијалните претензии искажани од страна на косовскиот премиер Албин Курти.
И претседателот Пендаровски, и премиерот Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи не реагираат на отворените територијални претензии на косовскиот премиер кој јавно се слика со мапа на која се наоѓа и половина Макеоднија.
На фотографијата снимена од настан на кој присуствувала и косовската претседателка Вјоса Османи Курти позира со мапа на која е прикажана половина од Република Македонија и делови од Србија, Црна Гора и Грција.
Доколку Курти бил против позирање со мапата на Голема Албанија неговиот протокол можел да спречи промоција на големоалбански идеи од страна на косовскиот премиер.
Според мапата на Голема Албанија во делот за кој Курти покажува отворени претензии кон земјава покрај цела западна Македонија се и Скопје и Битола.
За разлика од Курти претседателката Османи на сликата позира со мапа на Косово но таа на настанот немала реакција ниту се оградила од големоалбанската промоција на косовскиот премиер.
Министерот Османи засега се прави дека не го видел овој отворен удар за македонската територијален суверенитет од премиерот на првиот сосед.






