Зошто Ковачевски не лобирал кај Шолц бугарскиот премиер да излезе од самитот на ЕУ за Македонија да почне преговори

Зошто СДСМ не лобираше кај Шолц од нивната сестринска партија, да го извади бугарскиот премиер од состанокот додека се гласа за Македонија да почне преговори, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ преку објавено соопштение.



Партиите на Ковачевски и Шолц се сестрински партии кои имаат тесна соработка.

Според најголемата македонска партија, почетокот на преговорите за Украина и Молдавија, е доказ дека причина зошто не сме почнале преговори со ЕУ, не е Бугарија, туку криминалот и корупцијата на власта.

,,Ако е Бугарија само проблем, таа ќе била решена, проблем е криминализираната власт, со која никој од ЕУ не сака да седи на маса. Со СДС и ДУИ Македонија не може подобро. Потребна е нова влада која ќе се грижи за националните интереси и ќе се бори против криминалот и корупцијата”, стои во партиското соопштение.

Ова следува откако германскиот канцелар Олаф Шолц му предложил на унгарскиот премиер Виктор Орбан „да се напие шолја кафе надвор од просторијата“, каде што лидерите на Европската Унија одлучуваа за отворање на преговорите со Украина, со што двете страни го добија она што го сакаа, пренесе порталот „Политико“ повикувајќи се на извори во ЕУ, кои предлогот на Шолц го нарекоа исклучителна стратегија.

СДСМ пак виновникот не е Бугарија или друг фактор туку е ВМРО-ДПМНЕ која според нив го попречила патот кон Брисел со одбивање да го смени уставот.