Зошто и кому Владата додели 500 илјади евра пред крај на вонредната состојба?

Најголем дел од четириесетти невладини организации кои вчера пред полноќ добија половина милион евра од Владата немаат никаква експертиза за помош при решавање на кризи или медицински капацитети во битката против Ковид19.



Мал дел од нив работат со ранливи категории граѓани и од етичка гледна точка можеби имаат право да аплицираат за грантови од владата но формално во случајот се прекршени низа од критериумите на јавниот повик.

Вкупно на повикот се пријавиле над 100 организации но по засега за јавноста непознати критериуми одбрани се овие 40, меѓу нив организации кои имаат блиски релации со претставници на една политичка партија на власт.

Кај дел од описот на работата за која ги добиваат парите ќе забележите објаснувања кои се далеку од секоја здрава логика и правна основа.

Дел од организациите воопшто немаат експертска и логистичка структура за да можат да ги спроведат активностите на кои се нафатиле.

Сомнежите дека владата во пресрет на изборите ќе се обиде да го корумпира дел од невладиниот сектор сега се уште посилни.

Во истрагата која извесно ќе следува за индициите за предизборна корупција покрај луѓето што ги доделиле партиите во нетранспарентна процедура а не оставиле ни право на жалба за добиените на тапет ќе бидат и невладините кои ќе мораат да докажат дека парите ги потрошиле соодветно а не за директен и индиректен поткуп на гласачи.