„Се очекува да се потврди поддршката на граѓаните за европската иднина на земјата на изборите, што ќе се одржат во земјата во 2024 година. ДУИ е подготвена за избори во секое време и во која било форма, одделно или заедно.“ – ова се наведува во соопштението на ДУИ по денешната средба на нејзиниот лидер Али Ахмети и амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Јаин, амбасадорката на Шведска во „нашата земја“. Соопштенето го пренесе ТВ Клан Македонија под наслов „Ахмети Ларсон Јаин: Зачленувањето во ЕУ е нужно“.
Удобно распашан во државната фотелја во државниот вицепремиерски кабинет на Артан Груби, злоупотребени и денес по милионити пат заради партиски активности, „Господарот на Македонија“ и лидер на ДУИ Ахмети, „ги нагласи повторно ‘црвените линии’ на ДУИ: Охридскиот договор, Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство со Бугарија и признавањето на независноста на Косово“!
Неговата партија не соопшти во однос на кого и зошто морал денес да ги нагласува повторно тие „црвени линии“, ниту каква врска има со Македонија „црвената линија“ околу „признавањето на независноста на Косово“?!
„Ахмети ја информирал шведската амбасадорка за скринингот кој е веќе во тек, како и за процесот на уставните измени, кои се означуваат како единствена можност земјата да оди напред. Соговорниците разменија мислења за стабилноста, безбедноста, европската перспектива на земјата и регионот, скринингот, уставните измени и изборите следната година. Двајцата соговорници оценија дека само патот на европската интеграција е единствената алтернатива за земјите од Западниот Балкан, кој обезбедува мир и развој во земјата и регионот.“ – наведува ДУИ по оваа средба.
„Ахмети изразил благодарност за односите меѓу двете земји, кои се одликуваат со политички и економски дијалог во последните години, како и со многу пријателска соработка. Беше искажана благодарност и за шведската поддршка за зајакнување на капацитетите на институциите. Се разговараше и за изборите, кои се очекува да се одржат следната година во редовниот рок, за да се потврди поддршката на граѓаните за европската иднина на земјата. ДУИ е подготвена за избори во секое време и во која било форма, одделно или заедно.“ – завршува во своето соопштение Демократската унија за интеграција.





