Зошто големоалбанската идеја и Курти ги погребаа уставните измени – За ТВ Танјуг анализира Стоиљковиќ

Лидерот на ДПСМ и пратеник во Собранието на Македонија Иван Стоилковиќ во интервју за српската телевизија Танјуг вели дека „благодарение“ на Албин Курти, притискот врз македонскиот народ е претворен во одлучност и сериозна хомогенизација на македонскиот народ кој се помалку е спремен да верува во шарените лаги.



,,Кога од нашиот политички живот ќе ја извадите темата на уставните промени во ист момент се губи смислата на постоењето на оваа парламентарно мнозинство, напоменува Стоилковиќ и ја нагласува потребата од брзи вонредни парламентарни избори”, вели лидерот на ДПСМ.

Најважните пораки од интервјуто Стоиљковиќ ги пренесува на својот Фејсбук профил:

,,Не паѓа снегот за да го покрие брегот, туку секоја ѕверка да си го покаже трагот. Оваа стара изрека во овој момент совршено ја опишува политичката состојба која настана после ненајавената, недипломатската и на секој начин несоодветната и невообичаената посета на Албин Курти во Македонија, како по постапките, така и по пораките кон домашната јавност, регионот, па ако сакате и пошироко.

1. Притисокот на кој е изложен македонскиот народ и држава за нови и нови отстапки на државен и национален план, после посетата на Албин Курти се претвори во одлучност и сериозна хомогенизација на македонскиот народ кој се помалку е спремен да верува во шарените лаги. Никој повеќе не ќе може да се крие позади бесмислените изговори на меѓународната заедница, ниту позади фризираните изјави на албанските политичари. Уште еден прво таен, а сега брутален атак врз македонската историја и во исто време исто така потаен но сега веќе отворен поклик за Голема Албанија итекако влијаеше на севкупното расположение на македонскиот народ.
2. Уставните промени како неизоставна тема на нашиот политички живот после посетата на Албин Курти ја изгубија смислата, ги разголија намерите и дополнително ги утврдија и потврдија позициите на мнозинството македонски граѓани, преку 80 проценти не сакаат да се согласат на уцените и диктатот кој доаѓа од Бугарија. Дали Курти со оваа провокативна посета, смислено (по налог) или случајно (од лудост) во овој момент ги погреба уставните промени, веројатно никогаш нема да дознаеме.
3. Кога од нашиот политички живот ќе ја извадите темата на уставните промени во ист момент се губи смислата на постоењето на оваа парламентарно мнозинство, бивши комунисти (СДСМ) и марксисти лењинисти (ДУИ), кое на агендата има само една единствена тема, уставни промени. Фактот дека се работи за најкорумпираната Влада во македонската историја и Влада која во сите сегменти на општественото живеење бележи стагнација не треба посебно да се потенцира. Сите овие настани повторно ја отворија и и дадоа нов живот на темата за брзо одржување на вонредни парламентарни избори.
4. Во севкупната политичка мешаница без ниту една добра вест, фала му на Господ, па пред се заради лична заслуга на Албин Курти до крајни граници е соголена сеалбанската големоалбанска политика во регионот и што дојде до поделби внатре во блокот на албански партии, ве молам без илузии, но само во натпреварот кој ќе биде порадикален во своите изјави. Деновите на Албин Курти во Македонија само потврдија дека тој и неговата политика се темпирана бомба во во темелите на регионалната соработка и стабилност. Од оваа секако треба да се изведуваат соодветни заклучоци”, порачува меѓу другото лидерот на ДПСМ Иван Стоилковиќ наведувајќи ги главните пораки од неговото интервју за телевизија Танјуг.

Видеото на овој ЛИНК