Зошто евроамбасадорите молчат по средбите со лидерот на опозицијата Мицкоски?

Две средби на лидерот на опозоцијата за четири дена и за двете јавноста ја информира само партискиот центар за комуникации а не и делегацијата на ЕУ и амбасадата на Холандија.



Двете средби на Христијан Мицкоски со амбасадорот на ЕУ, Семуел Жбогар и на кралството Холандија Вутер Пломп кои се одржале денеска и пред 4 дена како не постојат ако се гледаат Твитер и Фејсбук профилите на овие дипломати и на нивните официјални интернет страници.

За разлика од опозицијата која опширно известува за темите за кои се разговарало на средбите Жбогар и Пломп молчат за разговорите.

Ваквиот однос на амбасадорите на ЕУ и Холандија поставува низа дилеми особено ако се види дека на нивните Твитер и Фејсбук профили можат да се најдат низа информации дури и за неформални средби и активности на2 претставници на владата како министрите Димитров, Царовска, Манчевски и други.

Мицкоски во своето соопштение не споменува дека ниту на разговорот со Пломп ниту со Жбогар било споменато прашањето за СЈО на Катица Јанева што може да биде и една од причините за молкот на ЕУ и Холандија за средбите.

Амбасадорот Пломп е еден од најголемите подржувачи на Катица Јанева и поборник за беусливно продолжување на мандатот на СЈО што станува проблематично откако во јавноста, особено на социјалните мрежи почна неофицијално да се шпекулира за корупциска афера во која своја улога има и специјалната обвинителка.

Информацијата што за средбата со Пломп ја објави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:

Остварив средба со Амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Волтер Пломп.

На средбата разговаравме за актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа Република Македонија, како и стратешките и реформски процеси кои се од голема важност за државата.

Го информирав својот соговорник за недостатокот на капацитет и волја кај власта за спроведување на реформските процеси кои се клучни за влезот на Република Македонија во Европската Унија и истакнав дека оваа Влада спроведува политички прогон врз членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, прогон кој се врши преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите.

Ја посочив и корупцијата и криминалите на власта како едни од клучните проблеми со кои се соочува Македонија, посочувајќи дека постои сериозен сомнеж дека високи државни фунцкионери се вмешани во сериозни коруциски скандали.

Економијата исто така беше една од темите за кои се разговараше на средбата, лошиот животен стандард придонесува за иселување на младите што претставува еден од најгорливите проблеми со кои се соочува држава.
Се согласивме дека иднината на Македонија е во европското семејство, дека стратешка цел и приоритет на нашата држава е членството во Европската Унија.

На средбата беше истакнато огромното значење на поддршката на Кралството Холандија за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но за тоа неопходно е земјава сериозно да се зафати со реформите, каде што за жал моментално власта сериозно заостанува.

Мицкоски не споменува дека ниту на разговорот со Пломп ниту со Жбогар било споменато и СЈО на Катица Јанева што може да биде и една од причините за молкот на ЕУ и Холандија за средбите.

Амбасадорот Пломп е еден од најголемите подржувачи на Катица Јанева и поборник за беусливно продолжување на мандатот на СЈО што станува проблематично откако во јавноста, особено на социјалните мрежи почна неофицијално да се шпекулира за корупциска афера во која своја улога има и специјалната обвинителка.