Многу граѓани и претставници на албанските опозициски партии деновиве го поставуваат прашањето зошто за ДУИ, Стево Пендаровски не бил прифатлив како консензуален кандидат во 2014 година, и што се смени што сега оваа партија одлучи да го подржи.
„Во тоа време, во јавноста се ширеа сомневања дека во позадина се криеше сценарио за помагање на Иванов, со оглед дека албанскиот електорат беше спремен да го даде гласот за Пендаровски.
Сега социјалните мрежи се поплавени со иронични прашања, но и со сериозни обвинувања“, пишува Civil Media.




