Бугарската телевизија Нова направи репортажа од пазарот во Делчево, од која заклучокот е дека цените на земјоделските производи не се многу пониски од тие во Бугарија, но квалитетот е повисок, а на Бугарите им се допаѓа и храната во локалните кафеани.
„Пазарот во Делчево е тотален хит меѓу Бугарите до границата. Наши сонародници масовно ги користат неработните денови за да си набават овошје, зеленчук и што уште не од соседна Северна Македонија“, се вели во прилогот.
„Компирите се од 0,7 до 1,3 лева (1 лев е околу 30 денари – н.з.), гроздовата ракија од 50 степени е 7 лева, оризот е 3,3, гравот е 5-7 лева, пиперките 2,7. За цените, поради разнообразноста на производите, тешко е да се процени дали се пониски од Бугарија, но на Бугарите им се допаѓа автентичноста на продуктите и затоа на пазарот во Делчево има луѓе од Благоевград, Разлог, Ќустендил, Симитли, Сандански и уште од каде ли не“, се додава.
Бугарите ги полнат багажниците и со грозје, гамби, разни зеленчуци, бидејќи „едноставно нема нешто да не ти се допаѓа“, како што вели постара госпоѓа од Бугарија пред камерата на ТВ Нова во прилогот на линкот:
https://www.vbox7.com/play:d8ffeb0b57





