Функционерите на ДУИ кои поднесоа оставки поради трагичниот пожар во ковид-болницата во Тетово, ќе одговараат за сите дејствија, изјави синоќа заменик-министерот за правда, Агим Нухиу, кој учествуваше во дебатата на Алсат на тема – пожарот во тетовската болница..



„Моралната оставка не значи вина“, рече Нухиу, и додаде дека ДУИ како партија докажала дека нејзините членови сносат одговорност пред органите.

Тој рече дека доколку постои некаква сомнеж во нашите експперрти кои ја водат истрагата, „тогаш не би требало да има сомнеж во експертите од Германија кои треба да ги расветлат сите причини за пожарот.

Во дебатата покрај Нухиу учествуваа и пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и Вјолца Бериша, паретничка на Алијанса на Албанците.

Претставниците на СДСМ во последен момент го откажале учеството.

Милошоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ смета оти со потегот со кој бараат оставките да бидат поднесени во Собранието „ќе се изврши дополнителен притисок во позитивна смисла, оставките на министерот и заменикот министерот да бидат констатирани“.

„Ние дадовме две опции, едната опција е собраниското мнозинство да ја прифати оваа точка на Дневен ред и да се констатираат оставките не министерот Венко Филипче и неговиот заменик господинот Хасани, кој што видовме дека се врати на неговото работно место. И втората опција бидејќи претседателот на Собранието Џафери кажа дека не зависи од него туку зависи од премиерот, побаравме еден час пауза бидејќи Владата не е далеку од Собранието и еден курир може да ги донесе двете оставки до Собранието и да ги констатираме во текот на денот”, рече Милошоски.

Пратеничката Бериша, од своја страна говореше дека имало многу пропусти во работењето на тетовската модуларна болница и неколку пати упати прашање зошто воопшто било дозволено да биде пуштен во употреба таков небезбеден објект.

Таа инсистираше да не се мешаат моралната и кривичната одговорност и изнесе став дека министерот за здравство и неговиот заменик требало веднаш да поднесат оставки по трагедијата во која изгореа 14 пациенти.